• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица одбележа 78 години од ослободувањето

ByВане Трајков

Sep 11, 2022

Денеска на Спомен костурницата над градот со пригодна свеченост беше одбележана 78-годишнината од ослободувањето на Струмица.

За значењето на празникот зборуваше членот на Советот на Општината, Дениза Стамболиева.

-Седумдесет и осум години слободна Струмица се 78 години непречен развој, тоа се 78 години безрезервна љубов помеѓу слободниот град и неговите слободни чеда. Денес треба и мора да бидеме горди на празникот што го празнуваме, на слободата што ја славиме, на градот во кој битисуваме. Слободата треба катадневно да ја живееме и да ја чуваме, а градот треба да го надградуваме онака како што доликува и по мерка на сите оние кои живеат во него. И за едното и за другото потребно е љубов, обединетост, разбирање и многу, многу заеднички труд. Зошто? Затоа што оваа наша Струмица подеднакво ни припаѓа на сите, рече Стамболиева.

Рецитаторите од Домот за млади и деца „Благој Мучето“ од Струмица изведоа пригоден рецитал за денот на ослободувањето на градот, а претставници на локалната самоуправа, Советот на општината, политички партии, институции и здруженија на граѓани положија цвеќе пред местото каде се положени посмртните останки на паднатите борци во Спомен костурницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *