Општина Струмица ќе ги бира најдобро уредени дворни места на зградите. Градоначалникот КОстадин Костадинов објави дека за оваа намена имаат награден фонд од 350.000 денари
-Убав предизвик за граѓаните на Струмица. Куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди. Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари. Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари, напиша Костадинов на својот ФБ профил.
Додава дека за да се оценат дворовите ќе биде формирана посебна комисија од општината.
-Струмичани, ајде уште еднаш да покажеме колку си ја сакаме Струмица. За чисти и средени дворови, за почиста Струмица, вели Костадинов.