• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица ја презентираше нацрт-верзијата на Стратегијата за образование

Општина Струмица ја презентираше локалната стратегија за образование. Документот што се подготвува околу половина година е во завршна фаза и денеска се презентираше пред  просветните работници но и пред општината. Градоначалникот Костадинов вели дека иако голем дел од ингеренциите за образованието се на надлежното министерство и општината може да придонесува во планирање и подобрување на образованието.

Стратегијата е изготвувана во косултација со образовните инситуции но и со бизнис секторот, а во завршната верзија можат да се вметнат и дополнителни измени доколку на презентацијата има забелешки, вели Костадинов.

Изготвувањето на стратегијата е помогнато од професорот на Универзитетот Гоце Делчев, д-р Кирил Барбареев, кој своето знаење и искуство ги вложил без никаков надомест за изготвување на овој документ.