Струмица и Венеција ќе бидат збратимени градови. Ваква информација попладнево објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на својата официјална фејсбук страница. Тој заедно со општинска делегација деновиве е во посета на Венеција.
Денеска, како што објави тој, имале средба со претседателката на советот на Венеција, Ермелинда Дамиано, со која разговарале за многу аспекти и можности за соработка помеѓу нашите градови.
Костадинов вели дека двата града имаат допирни точки, како карневалската традиција и средновековието.
Деталите од договореното ќе се знаат во следниот период.