По подолга пауза, македонскиот одбојкарски шампион се враќа во елитното европско одбојкарско друштво, Лигата на шампионите. Струмица Никоб утрово со лет од скопскиот аеродром замина за Холандија, каде утревечер од 19.30 часот ќе го одигра мечот од 1. квалификациско коло против холандскиот шампион, екипата на Динамо Апелдорн.
Иако некомплетни, струмичани со позитивни мисли заминаа за Холандија, очекувајќи ја и поддршката од нашите иселеници кои би требало да ги има во доволен број на трибините во Апелдорн на утрешниот меч.