25 жени жртви на родово базирано и семејно насилство престојувале во шелтер-центарот за згрижување во Струмица од почетокот на оваа година. Најголемиот дел од нив, биле сместени со своите малолетни деца, велат податоците на здружението Скај плус, кое управува со центарот. Стојне Митева вели дека бројките на евидентирано насилство се алармантни, но охрабрува фактот дека сѐ повеќе жени се охрабруваат да го пријават насилството.
Проблемот со семејното и родово базираното насилство според стручните лица ескалира затоа што голем брј од жените се економски зависни и тешко се одлучуваат да ја напуштат насилната средина. Општина Струмица планира да интервенира со програма токму за економско јакнење на жените кои излегуваат од Шелтер центар или од насилна средина. Градоначалникот Костадинов најави отворање на Куќа за ремено домување.
Во СВР Струмица годишно има околу 300 пријави за семејно и родово-базирано насилство.