Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално.
Објаснува дека со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.„Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО“, изјави Ковачевски.
Претходно, беше најавено дека во новата година ќе имаме и ноца повисока цена на струјата. Од 1 јули струјата поскапе.