Најголемиот спортски настан ќе го следат голем новинари од целиот свет. Идентично како спортистите и известувачите од Пекинг мора да ги следат строгите епидемиолошки мерки.
Околу илјада домашни и странски новинари ќе известуваат за настаните на 24-тите Зимски олимписки игри.
За нив исто така важат строгите мерки за превенција од ширењето на корона вирусот и според протоколите тие ќе можат во ограничен број да присуствуваат на самите натпреварувања, а поголемиот дел од нив настапите на спортистите ќе може да ги следат од медиа центарот кој е сместен во кинеската престолнина. Известувачите исто така се дел од затворениот круг и немаат никаков контакт со надворешната средина
“Се чувствуваме како да сме во затвор. Не можеме да излеземе од хотелот освен ако не одиме во медиа центарот или на некое од борилиштата. Околу хотелот има полиција, а поставена и висока ограда. Не можеме да го почувствуваме олимпискиот дух”, изјави новинарот на ХРТ, Вики Ивановиќ.
Организаторите на игрите соопштија дека до денеска има 12 позитивни случаи меѓу новинарите и помошниот персонал од кои девет се регистрирани на аеродромот во Пекинг.