• Sat. Nov 23rd, 2024

Стотици летови откажани во САД поради Омикрон

Неколку стотици летови се откажани синоќа во Соединетите држави, доека пак Јунајтед ерлајнс и Делта ерлајнс велат дека биле принудени да откажат десетици летови на Бадник поради бројот на случаи на коронавирус меѓу екипажот и аеродромските работници.

Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, побара од раководителите на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да го намалат карантинот за целосно вакцинирани лица кои сепак се разболеле, наведувајќи го недостатокот на персоналот во оваа авиокомпанија.

Тој побара да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *