• Fri. Nov 22nd, 2024

Стопанската комора и УСАИД започнуваат заедничка соработка на проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција

Стопанската комора и УСАИД започнуваат заедничка соработка на тригодишен проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција. Со овој проект ќе се зајакнат капацитетите на компаниите за поуспешна регионална соработка и за поврзување.

Преку овој проект, исто така, ќе се развијат алатки и нови услуги, со што ќе им се посвети особено внимание на јакнењето на конкурентноста на македонските извозно ориентирани компании и на можностите за регионално поврзување. Преку реализација на голем број активности, како што се: формирањето на Институтот за извоз, креирањето на Националниот совет за извоз, саемите, обуките, како и директната помош на компаниите, со цел зголемена соработка во регионот на Западен Балкан и пошироко.

„Ние во Комората многу добро разбираме дека мала земја како Северна Македонија без извозна ориентација нема перспектива. Како Стопанска комора постоиме 100 години, постари сме и од македонската држава, имаме кадар, имаме цел и знаеме како треба да стигнеме до подобри економски прилики. Преку поддршката што ја добиваме од УСАИД се надевам дека она што го зборуваме 20 години сега е моментот на дело да помогнеме и да се реализира. Сфативме дека без правна држава нема правна сигурност. Активни сме и на тоа поле и се вклучуваме во разрешувањето на проблемите со корупцијата, сивата економија и со еднаквоста на сите на пазарот“, истакна преседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. 

“Ќе ставам акцент врз неколку параметри. Пред 15 години почнавме од нула, а сега сме на ова ниво на коешто сме. Имаме стратегија наречена Комора на идината. Не ја чекаме државата. Имаме и концепт и потенцијал за да одиме напред. Затоа, оваа поддршка ни е важна, а со активностите преку овој проект чиниме добро и за бизнисот, но, уште повеќе, и за државата“, истакна Азески.” 

„Горди сме на нашето партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија, преку кое ќе ја поддржиме регионалната соработка на приватниот сектор и ќе ги зајакнеме капацитетите на извозно ориентираните компании. Бизнисот ги препозна можностите што ги носат регионалните иницијативи и важноста на слободниот проток на капитал, стоки, услуги и на луѓе. Тоа ќе овозможи зголемена трговска размена, ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, но и ќе ги подготви компаниите за предизвиците на заедничкиот европски пазар“, изјави Џејмс Стајн, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

извор: фактор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *