• Sat. Nov 23rd, 2024

Стомачни вируси кај децата

Sick baby

Болни пациенти има и кај матичните лекари, но и во болниците и во клиниките, каде што се примаат посериозни случаи. Вирусите предизвикуваат стомачни болки, обилна дијареа, а можат да ја зголемат и телесната температура. Неретко, пациентите со стомачен вирус дехидрираат, па мора да примаат инфузии.

Стомачен вирус или гастроентеритис е заболување кое најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено кон крајот на пролетта и во текот на летото. Со зголемувањето на температурите расте бројот на стомачни инфекции предизвикани од различни типови на вируси и бактерии.

Гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот тракт, кој ги вклучува стомакот и тенкото црево. Тој се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот. За сериозноста на ова заболување упатува и големиот број на регистрирани лица со симптоми на стомачен вирус во текот на една летна сезона (над 20.000 во Република Македонија).

Најчести симптоми на стомачниот вирус се повраќање и дијареа. Кај некои лица се појавува  само дијареа, без повраќање. Фазата на повраќање обично трае само 1 – 3 дена, додека дијареата може да продолжи и 1 до 2 недели. Исто така, може да се појави главоболка, треска и абдоминална болка. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови итн.

Стомачниот вирус најчесто се шири при контакт со заболено лице, или индиректно преку загадена вода, храна и предмет. Ова особено е изразено во текот на летните одмори, каде што вирусите и бактериите имаат идеални услови за размножување (топло време, топло море, плажи со многу луѓе).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *