Струмичките гимназијалци не заостануваат зад оние од веропските земји, тврди директорката на струмичката гимназија „Јане Сандански“, Невенка Стојанова. Таа вели дека треба да се погледнеме во огледало и да си признаеме дека имаме проблем со образовниот систем, а не со потенцијалот на децата.
Според неа, насушно ни се потребни реформи, но смислени, а не коренито менување кое ги опфаќа и добрите аспекти и практики на македонското образование.
Средношколците од „Јане Сандански“ досега многупати ги одмерувале своите знаења со врсници од различни земји на натпревари, меѓународни проекти и соработки. Затоа, просветните работници сметаат дека причините за ниските резултати на Писа тестовите треба да се бараат кај системот.