Што испушта рудникот Боров дол? Ова е прашањето коешто изминатите денови го поставуваат активисти на еколошкото друштво Кленика. Тие споделуваат фотографии од вливот на Боров дол со Крива Лакавица. Активстите реагираат дека не се води сметка за загадувањето од рудникот Боров дол. Ниту за квалитетот на отпадните води што ги испушта тој.
За оваа состојба ја известиле и надлежната инспекција која извршила увид и се очекуваат резултатите. Државниот инспекторат за животна средина го задолжи Боров Дол да извршат мерења на површински води по испуст во реципиент. Денес мерењата беа извршени од акредитирана лабораторија, а откако извештајот ќе биде готов ќе ја известиме јавноста, велат од Инспекторатот.
Рудникот Боров дол почна да работи пред околу две години со цел да го продолжи економскиот век на рудникот Бучим. Бучим, пак, е рак-рана на две населени места коишто мака мачат од последиците на работењето на овој рудник. Пукнатини на и онака трошните куќи, бучава, но и недостаток на чиста вода за пиење се само дел од проблемите на селата Бучим и Тополница. Овој спор за Бучим не е нов и го признава и директорот на рудникот Николајчо Николов, кој во една прилика за Канал ВИС рече дека селото Тополница требало да биде иселено уште пред 40 години, кога бил отворен рудникот.
Тој, исто така, рече дека смета дека подрачја во кои најинтензино е полјоделството, како струмичкиот регион, во своја непосредна близина не треба да имаат тешка и загадувачка индустрија. Со тоа, тој рече дека отворањето на рудник над Иловица и Штука не е најдобрата опција за земјоделски регион.
Што изјави Николов за Би-Би-Си пред 11 години?
Кој е надлежен за отпадот?
Во 2008 година државата рудникот Бучим го прогласи како една од жешките еколошки точки. Директорот на Еколошкиот инспекторат Фирус Мемед сметаше дека овој проект е прилог во подобрувањето на еколошката средина, но останува проблемот со историскиот отпад. Новите сопственици сметаа дека историскиот отпад не е нивна обврска, туку продукт на предходното работење на рудникот:
„Неможат да се иземаат од одговорноста дека тоа некогаш било и дека така ќе остане засекогаш. Од тие причини реков дека дел од јаловиштето е пошумено, озеленето. Еве се преземаат мерки за заштита на отпадните води, се надевам дека таложниците или тие исцедоци навреме ќе се чистат, одржуваат, како што треба за да не се случи непотребното,“ изјави Мемед.
Заменик менаџерот Николов рече дека се што ќе побара државата од нив ќе направат. Но, кога го купувале рудникот веројатно ќе размислувале поинаку, ако имало имало обврска за историскиот отпад.
„Во нашиот купопродажен договор не е прецизно регулирано. Веројатно да се одело во моментот на купородажбата на Бучим, кој тогаш беше продаден за 9 100 000 евра веројатно ова прашање да беше темелно поставено немаше никогаш да дојде ни до купување на Бучим. Затоа што давачките околу екологијата се многу поголеми од технолошките давачки, кои ги има таму, “ изјави Николов.