а Скопскиот аеродром денеска пристигна донацијата од 20.000 вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“ од Грција. Донацијата ја примија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нè поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел“, напиша на Фејсбук Филипче, кој минатата недела ги најави 20-те илјади дози од Грција, но и 50 илјади дози од Бугарија.
Грција вчера донираше 20 илјади вакцини на „АстраЗенека“ и на Албанија.
Грчкиот Национален комитет за вакцинација вчера препорача вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на лица под 60 години и дека тие треба да имаат можност да изберат од другите три вакцини.
Оваа препорака не се однесува на лицата кои примиле прва доза од вакцината на „АстраЗенека“ и веќе имаат закажано термин за втората доза.
Според претседателката на Комитетот Марија Теодору, препораката е донесена поради епидемиолошката состојба во земјата, која укажува на умерено до ниско нивно на зараза. Досега во Грција, вакцината на „АстраЗенека“ се даваше на лица над 30 години.
извор:https://sdk.mk/index.php/makedonija/stigna-donatsijata-od-20-iljadi-vaktsini-astrazeneka-od-grtsija/