• Sat. Nov 23rd, 2024

СТИГА Е реагира на смената на директорката на ЦРЈПЛ Жулиета Ѓуркова

Граѓанската иницијатива СТИГА е, реагира на семната на досегашната директорка на Центарот за развој на југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова. Во својот став, од СТИГА Е, нагласуваат дека образложението дека треба „нова свежина“ е спротивно на најавите, прв човек на Центарот да биде ставен поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ од Валандово.

-Впрочем се чини дека едниствен грев на директорката е тоа што има интегритет и нема политичка позадина што ја прави неповолна за да биде дрон на курто-мурто двопартизмот. Од друга страна на сите ни е јасно дека во општинските администрации и јавните претпријатија има ептен многу кандидати за промена ако критериумите на “принципиелните” градоначалници е НОВО ЛИЦЕ и СВЕЖИНА, велат од СТИГА Е.

Во продолжение интегралната реакција од СТИГА Е:

-НОВО СВЕЖО ЛИЦЕ

Почитувани сограѓани,

Зачудени и револтирани сме од одлуката на Советот на градоначалници на југоисточниот плански регион за промена на директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Според наше видување госпоѓа Жулиета Ѓуркова е компетентен менаџер со јасно видливи и мерливи резултати кои објективно се конзистентни во текот на изминатите 14 години, односно од самото формирање на Центарот, при што успешно ги има зачувано интегритетот и политичката неутралност при носењето на одлуки и иницијативи за релевантност и балансираност при рамномерниот развој на сите 10 општини во Југоисточна Македонија. Резултатот е 85 реализирани проекти и инвестиции над 15 милиони евра, односно просечно по 6 проекта секоја година без разлика на политичките гарнитури што се менувале.

Фрапирани сме од бледото и целосно неиздржано соопштение од името на сите градоначалници со кое се образложува причината за смената кое во недостиг на никакви аргументи и метрики се покрива со некаква потреба за НОВО лице со наводно некаква “нова свежина”. Јасно е за каква свежина станува збор ако двете големи партии се согласуваат за промена на компетентен менаџер со резултати. Впрочем таквата “свежина” добро ја знаат и децата што се родиле 1991 година и во меѓувреме поради благопријатноста на таа “свежина” сега се надвор од државата и не помислуваат да се вратат назад во тињата на корупцијата, непотизмот, кронизмот интегрирани и поддржани од клептократската олигархија за која не важат закони и постои “затворски туризам”. Но декларативно сите се против партизација на институциите додека на терен гледаме како тоа изгледа во реалноста.

Впрочем се чини дека едниствен грев на директорката е тоа што има интегритет и нема политичка позадина што ја прави неповолна за да биде дрон на курто-мурто двопартизмот. Од друга страна на сите ни е јасно дека во општинските администрации и јавните претпријатија има ептен многу кандидати за промена ако критериумите на “принципиелните” градоначалници е НОВО ЛИЦЕ и СВЕЖИНА.

Во јавноста наголемо се зборува дека новото свежо лице што треба да ја наследи Ѓуркова е всуштност поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Валандово кое наводно имал доволно свежина да донесе и да се презентира како ново лице.

Затоа во следниот период со посебно внимание ќе ги следиме сите иницијативи и соодветни јавни набавки како на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, така и на сите јавни набавки во општините. А ќе се потрудиме да извадиме статистика за посебна група на “СТАРИ ЛИЦА” кои со години назад имаат “ВЕЧНА СВЕЖИНА” но исто имаат благо речено контрадикторни резултати.

Па јавноста нека следи и нека си носи заклучоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *