Советниците на „Стига е“ бараат трите струмички општини Струмица, Боислово и Ново Село да ги стават на дневен ред точкит со кои секоја општина треба да донесе одлука дека на нејзина територија нема да се отвораат индустриски капацитети од Г1 тешка загадувачка индустрија. Иницијативата е поттикната од проблемот со отворањето на рудникот Иловица-Штука и засега иако има поднесено барање од советниците, не е ставена на дневен ред на општините Босилово и Струмица.
Танушев смета дека ваквата одлука ќе биде јасен знак за идни потенцијални инвеститори дека струмичката околина може да произведува храна и да има лесна и незагадувачка индустрија.
Од „Стига е“ очекуваат Владата во најкус рок да ја одземе и останата концесија за рудникот за злато и бакар кај Иловица и да се затвори темата со рудници во овој регион.