• Fri. Nov 22nd, 2024

Во понеделник ќе се знае дали ќе има нов избор за директор на Центарот за култура во Струмица

средба актери струмица со министерка

Најдоцна до понеделник ќе се знае дали ќе се поништи изборот на директор  во Центарот за култура Антон Панов во Струмица или ќе остане одлуката Бубев да биде раководител на ова институција. Денеска во Скопје незадоволните актери од струмичкиот театар се сретнаа со Министерката за култура Ирена Стефоска токму поради изнаоѓање на решение за проблемот

„Откако ги сослушав си дадовме време да го најдеме најдоброто решение во интерес на драмскиот ансамбл и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Им благодарам што со нивната гласност ми помагаат и мене и на сите културни работници во земјата, новиот Закон за култура кој е во процедура што побрзо да биде донесен, бидејќи во тој закон меѓу новитетите е и еден од условите за станување на раководител на институција, а тоа се високите стручни квалификации во областа. Согласно постојниот Закон формално- правната процедура е испочитувана од Комисијата во Министерството по што е направен изборот. Затоа новиот Закон треба што побрзо да се донес“, посочи Министерката Стефоска по средбата.

Актерите останаа на позицијата за поништување на изборот и распишување на нов конкурс за директор на НУЦК Антон Панов во Струмица

„Нашата позиција е дека не отстапуваме од барањето да се оди во насока на отповикување на поставениот директор и раскинување на конкурсот со што би се дало можност и шанса да се пријават други посоодветни кандидати. Исто така ако до понеделник разговорите не одат во насока на нашата ултимативна цел да биде сменет поставениот директор ќе пристапиме кон порадикални мерки како непослушност и протести“, додаде актерот Стојан Велков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *