• Fri. Nov 22nd, 2024

Се бараат уште попишувачи и инструктори во Југоистокот, фалат за 7 општини

Државниот завод за статистика бара уште попишувачи и инструктори за пописните реони во Југоистокот имајки во предвид дека по објвениот февруарски конкурс местата не се пополнети. Конкурсот објавен завчера трае до недела а попишувачи и инстурктори се бараат за 4 пописни региони во Југоистокот  и тоа за пописниот реон на Струмица кој ја опфаќа и општина Василево, за пописниот реон Гевгелија кој ја опфаќа и општина Дојран, за општина Валандово и за попсиниот реон Ново Село кој ја опфаќа и општина Босилово. Во дополнителниот конкурс е објавено дека кандидатите кои се јавиле на првиот конкурс не треба да се пријавуваат. По првиот конкурс единствено се пополнети местата за попишувачи и инстурктори за пописниот реон Радовиш кој ја опфаќа и општина Конче но и за општина Богданци.

Државниот завод за статистика за Југоистокот  или 10 те општини бара 442 попишувачи и 46 инструктори за 10 те општини. Освен македонци за дел од општините ќе бидат ангажирани и попишувачи од турската, ромската , српската и влашката заедница во зависност од самиот пописен реон. Пополнети се 25 те места за Богданци и 73 те места за попишувачи во Радовиш.

Од Државниот завод за статистика не конкретизираа уште колку попишувачи и инстурктори се потребни за останатите седум општини во Југоистокот кои се поделени во 4 пописни реони. Информираа дека идната недела ќе се знае кој се ќе бидат ангажирани за пописот што ќес е реализира од 1 до 21 април

„На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини“, велат од ДЗС и додаваат дека електронската апликација е достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *