• Fri. Nov 22nd, 2024

Стартуваат новите мерки – невакцинираните граѓани од денеска не можат да влегуваат во кафеани и на настани

Стартуваат новите мерки – невакцинираните граѓани од денеска не можат да влегуваат во кафеани и на настани.

е воведува задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза. Ќе има редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде што има повеќе од 30 присутни лица, но и за каков било настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18-годишна возраст.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број посетители. Хотелите остануваат да работат со полн капацитет, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид-19.

Покрај бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена.

Во претходното деноноќие од направени 6.980 тестирањa, регистрирани се 805 нови случаи на Ковид-19.

Со оглед на наглиот раст на бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 во следните недели, според министерот за здравство, Венко Филипче, ситуацијата може да биде критична, но здравствениот систем е подготвен за новиот бран.

Според официјалните податоци, од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, односно само десет проценти од вакцинираните се позитивни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *