• Fri. Nov 22nd, 2024

Старите винови насади да се заменат со врвни за поквалитетни вина

Замена на старите винови насади со нови за експанзија на лозарството во струмичкиот регион, но и во целата држаа. Агроекспертите велат дека мораме да се откажеме од  винските и десертни сорти грозје кои не се атрактивни на пазарот и лозарите да се стремат кон иновација и квалитет.

Магистерот по земјоделски науки, Игор Иваноцски, вели дека мора да се стремиме кон врвни вински и десертни сорти грозје, кои можеби ќе дадат помали приноси, но, ќе се продадат полесно и по подобра цена.

Според Ивановски, Македонија има услови за огдледување на винови насади, но за земјоделците било пресудно што слабо заработувале, па се откажуваат од лозарството.

Игор Ивановски-магистер по земјоделски науки

Умерените температури во овој период од годината ветуваат богат и квалитететн род за лозарите, без навестување за штети по насадите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *