• Sat. Nov 23rd, 2024

„Стандард и Пурс“: Државниот долг ќе достигне 58%

Централната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година“, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“, соопшти Народната банка.

„Денарот е стабилен, а монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување. Девизните резерви се зголемени. Банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови остануваат поволни. Стапката на нефункционални кредити е ниска, ова се накусо оцените за монетарната политика која се води во земјава и за финансиската стабилност, наведени во извештајот.

Во извештајот е нагласено дека девизните резерви на земјава се повисоки. Така, во јули годинава, и покрај отплатата на еврообврзницата во износ од 500 милиони евра, девизните резерви бележат раст во споредба со истиот период минатата година. Кредитната агенција не очекува флуктуации на девизниот пазар, односно курсот на денарот останува стабилен. Исто така, се наведува дека доколку се јави потреба, Народната банка е подготвена да интервенира, вклучително и преку репо-линијата од 400 милиони евра од Европската централна банка.

Во однос на државниот долг агенцијата очекува да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *