Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, утре ќе допатува во официјална посета на земјата.
На официјалната страница на германскиот претседател се наведува дека посетата е со фокус на ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.
Ова е прва посета на Штајнмаер во Македонија.
Во Скопје се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.