• Fri. Nov 22nd, 2024

Стабилна е состојбата на повредените од несреќата кај „Струма“

Сите пациенти повредени од вчерашната сообраќајната несреќа кај „Струма“ се во стабилна состојба. Нема опасност за нивните животи. Ова го потврдија лекарите од болницата „Пирогов“ во Бугарија.

„Извршени се потребните итни интервенции. Вчера беа направени две операции. Еден опериран пациент имаше скршеница на потколеницата. Уште една од жртвите била оперирана поради скршен зглоб на коленото. Пациентите ја поминаа ноќта мирно“, објасни д-р Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

Денеска, како што објасни во изјава за медиумите, претстојат уште две операции – на маж со длабока изгореница на двете раце и на 16-годишна девојка, која има повреда на десното колено.

„Психолозите работат со жртвите. Еден од пациентите има тежок психички шок“, додаваат лекарите од „Пирогов“.

Аргирова изјави дека на Клиниката за изгореници и пластична хирургија се примени шест пациенти, а еден пациент е на Клиниката за трауматологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *