• Thu. Nov 21st, 2024

ССК потпиша Меморандум со Кинески центар за надворешна трговија

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, потпиша Меморандум за соработка со China Foreign Trade Centre (CFTC) – Кинески центар за надворешна трговија, со кој ќе се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја во Кина, како и полесен пристап на кинеските корпорации кај нас, како центар за влез на европскиот пазар.

По потпишување на Меморандумот се одржа и средба меѓу претставниците на деловните субјекти на кои беа презентирани конкретни можности и интереси за соработка, а на која присуствуваа и компании членови на Сојузот.

Во своето воведно обраќање претседателот на Сојузот, Ангелоски ја претстави деловната клима во нашата земја и ја истакна важноста на воспоставување директна соработка меѓу претпријатијата од двете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *