• Fri. Nov 22nd, 2024

Средношколците од Конче се дома две недели оти за превозниците не било исплатливо да возат

Средношколците од Конче се дома две недели оти за превозниците не било исплатливо да возат.

Две недели не се на настава седумдесетина средношколци од радовишката општина Конче бидејќи нема превоз до нивното средно учлиште во Радовиш. Проблемот со превозот на учениците се уште не е решен. Општината и гимназијата велат дека од нив се завршени сите процедури, но, превозниците не с есогласувале со цените, поради покачувањето на цените на горивата. Иако во меѓувреме општината понудила повисоки цени, сепак немало заинтересирани превозници.

Од Сојузот на средношколци велат дека недозволиво е средношколците да се без настава толкав период и бараат итно решавање на проблемот. Велат дека се на праг на тромесечие и важно е учениците да се на настава.

Проблем со превозот на учениците се јавил и лани во ноември. Првично проблем беше што превозникот останал без лиценца, обврска што требало да ја заврши претходниот општински состав. Сега, оваа пречка е надмината, но на превозниците им било неисплатливо да возат по тие цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *