Образовниот систем треба да се промени и да се прилагоди на потребите на новото време, но и да се размислува за идниот развој на општеството. Сепак, модерните концепти треба да ги опфатат и добрите пракси од минатото затоа што треба да имаме автентичен а не препишан систем. Вака размислуваат во струмичката гимназија каде веќе се распишани конкурсите за упис на нови средношколци.
Невенка Стојанова-директорка на СОУ „Јане Сандански“ Струмица
И професорите во валандовското средно училиште го делат овој став. Училиштето треба да се развива, а училницата да не ги ограничува децата.
Средните училишта во Југоистокот се во лов на идни средношколци. Сѐ помалиот број ученици ги натера да бидат иновативни и да ги менуваат често образовните профили со цел децата да изберат квалитетно средно образование. Професорката Билјана Бајрактарова од средното училиште Димитар Влахов од Струмица, вели дека заврши времето на пасивност. Не е доволно повеќе да се очекува дека учениците сами ќе дојдат. Туку мора да се размислува како да се привлечат.
Билјана Бајрактарова- професор во СОУ „Димитар Влахов“
Во средните училишта во Југоисточниот регион за идната учебна година има слободни 1225 места во седум средни училишта.