Премиерот Димитар Ковачевски, одржа средба со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде пред почетокот на меѓународната конференција „Економски финансиски форум”, организирана од Министерството за финансии, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа”.
На средбата во фокус на дискусијата беа енергетиката и земјоделството како клучни сектори во услови на глобална енергетска криза.
Дополнително премиерот Ковачевски се осврна на клучните економски податоци за макроекономските движења, мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од енергетската криза, инвестиции во зелена економија и одржлив развој како и проектите од четиригодишната Рамката за партнерство со Светска Банка 2019-2023.
Премиерот Ковачевски ја истакна важноста на соработката со Светска Банка, како и проектите кои се спроведуваат за енергетска ефикасност во јавниот сектор, унапредување на образованието кои се дел од четиригодишна рамка за партнерство со Светска Банка, во вкупна вредност од 420 милиони долари. Целта е насочена кон креирање конкурентна економија, инклузивен и одржлив раст на земјата.