Новиот претседател на ОК Џио Струмица, одбојкарот и репрезентативец Владо Милев имаше средба со првиот човек на општина Струмица Коста Јаневски. Се разговарарало за моменталната натпреварувачка сезона во која струмичани се на чекор до освојвуање на двојната титула имајки во предвид дека се лидери во Шампионатот а обезбедија и пласман во завршницата од КУП натпреварувањето.
имав средба со членовите на Одбојкарскиот клуб Џио Струмица, неколкукратен шампион на Македонија и се надевам дека титулата и оваа натпреварувачка година ќе остане во Струмица. Му честитав на Владо Милев на изборот за нов претседател на клубот и му посакав да продолжи по успешниот пат кој го има струмичката одбојка, а општина Струмица секогаш ќе ги поддржува,, објави градоначалникот на Струмица Јаневски на својата ФБ страна
Владо Милев, довербата за претседател ја доби на последното вонредно собрание на кое членовите на здружението на граѓани ОК Џио Струмица во интерес на упаредување на клубот го предложија и го изгласаа
Со моето знаење и искуство стекнато низ повеќе одбојкарски клубови но и со искуството со репрезентацијата, сметам дека можам многу да придонесам за развој на клубот со посебен акцент на младите категории.