• Fri. Nov 22nd, 2024

Србија вакцинира два милиона граѓани

Србија вакцинира два милиона граѓани. Информацијата ја објави премиерката Ана Брнабиќ.

„Вечерва достигнавме 2.000.000 вакцинации“, напиша Брнабиќ на Инстаграм и оцени дека тоа е заеднички успех.

„Ова е заеднички успех на сите нас – лична одговорност на граѓаните и можноста на државата да набави вакцини и да спроведе масовна имунизација. Мора да бидеме свесни дека ова во никој случај не е крај, туку голем чекор во правилна насока. Носењето маски и одржувањето дистанца сѐ уште се задолжителни“, напиша Брнабиќ.

Во објавата таа истакна дека вакцинирањето и почитувањето на епидемиолошките мерки ќе доведат до конечна победа над коронавирусот.

Претходно вчера, Брнабиќ, најавувајќи состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, навести дека ќе се засилат епидемиолошките мерки, а белградските медиуми по тој состанок објавија дека одлуката за нови ограничувања се очекува денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *