Србија се затвора до понеделник. Ќе биде „затворена“ до крајот на неделава, вклучително и за време на викендот, одлучи Кризниот штаб. Покрај продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките, ќе работат и банките и производствените капацитети.
Други објекти, како што се кафулиња, ресторани, спортски сали, итн. ќе бидат затворени.
„ Ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и целиот здравствен сектор. Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се на сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена. Дали ќе има продолжување во понеделник зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор “, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.
„ Ќе разговараме со сите оние кои се во економија а се загрозени со овие мерки – угостители, музичари, фотографи.Вчера разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за тоа како овие мерки ќе влијаат на економијата и младите“, рече Брнабиќ.
извор: Макфакс