• Fri. Nov 22nd, 2024

Србија го одложува пописот, кај нас започнува за 10 дена

Србија го одложува пописот, кај нас започнува за 10 дена

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој во соседна Србија беше закажан во април, се одложува за октомври. Ова го објави порталот politika.rs, а потврдено од Националниот завод за статистика.

Од таму сметаат дека поради пандемијата со ковид-19, најризичен е делот од пописот со изборот и обуката на 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и 15.000 попишувачи кои треба да ги посетат домаќинствата и да го попишат населението во рок од еден месец.

Во пописот се вклучени лица сместени во домови за стари лица, психијатриски болници, домови за деца без родителска грижа, студенти и ученици во студентски домови и пансиони, мигранти во прифатни центри и други категории на население во колективно сместување кои имаат поголем ризик од инфекција, а поради одложувањето на пописот, за в година ќе се одложи и пописот на земјоделството во Србија, кој беше планиран за октомври.

Од Републичкиот завод за статистика наведуваат дека при донесената одлука за одложување на пописот во Србија, ја имале предвид препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *