• Fri. Nov 22nd, 2024

Србија ги укинува ковид правилата за влез во земјата

Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите антиковид мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, како за странските, така и за домашните државјани, соопшти Владата на Србија.

„Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија“, се наведува во соопштението на српската влада.

Во соопштението се наведува дека ваквата одлука се темели на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот.

На сила останува препораката да се носи маска во затворен простор, а носењето маска во здравствени институции се задолжително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *