Колегиумот и учениците од СОУ “Никола Карев” денеска организираа спортски ден со неколку спортски активности. Активноста која можеа да ја забележат и граѓаните на Општина Струмица беше велосипедската прошетка од училиштето до градскиот парк и назад пропратена со полициско обезбедување. Велосипедската прошетка се одвиваше генерално по новата обележана велосипедска патека. Со оваа активност учесниците пратија порака за здрав живот и зачувување на животната средна.