• Fri. Nov 22nd, 2024

Според жителите на Турново причина за поплавите се неисчистените канали

Стотици хектари плодно земјиште во струмичко е се уште под вода. Реката Струмица на повеќе места е излеана од своето корито. Жителите на село Турново велат дека каналите не се чистат редовно и таму ја гледаат причината за честото излевање на реките во регионот.

Излевањето на реките Струмица и Јазга поплави дваесетина куќи и десетина деловни објекти во општина Босилово.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, на својот фејсбук профил објави документи со кои потврдува дека реагирал до надлежните институции за потребата да се делува превентивно. По поплавите викендов општината била на терен со две машни, а две машини довело и ад Водостопанство.

Општинските кмисии во Босилово и ново Село во следните денови ќе излезат на терен за проценка на штетите во приватните и деловните објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *