Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“ викендов имаше соја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска фолклористика 12“ во Тршиќ, Србија.
Уредничките на списанието, Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева го претставија списанието пред книжевници, филолози и научници од Србија, презентирајќи ги визијата и содржините на списанието кое оваа есен ќе го добие двобројот 8-9.
Комплет од изданијата на списанието „ЗЕНИТ“ се подарија на Здружението на фолклористи на Србија, кои се организатори на тродневниот научен собир.
Исто така, се претстави и зборникот „Уште едно навраќање на Конески“ кој минатата година излезе со финансиска поддршка на општина Струмица, а во кој се застапени трудови посветени на Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање.