Двочасовен музички спектакл во чест на незаборавниот Оливер Драгојевиќ се одржа синоќа во неговата Вела Лука. Сцена на вода, оркестар во живо, познати и млади музички ѕвезди ги забавуваа присутните кои од копно, но и од бротчињата во вода го следеа концертот.
За оние што не можеа да присуствуваат Хрватската радиотелевизија имаше пренос со седумедест луѓе, десет камери и дрон.
Проценките се дека концертот го следеа повеќе од 20.000 луѓе во живо, а меѓу пибликата беше и сопругата на Оливер и неговите синови.
Ако не го гледавте концертот синоќа, повелете линк за музичкото шоу од островчето каде Оливер ја црпеше и животната сила и музичката инспирација.