• Sat. Nov 23rd, 2024

Спасовски во Атина: Разгледана состојбата со бегалците од Украина и со илегалната миграција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамките на работната посета на министерската конференција, што се одржува на 3 и 4 мај во Атина, оствари билатерална средба со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Панајотис Теодорикакос, прва од ваков вид гостинска средба во Републиката на највисоко ниво, со што се отвора едно ново поглавје во областа на безбедноста, потенцираат од кабинетот на Спасовски.

На средбата двајцата министри искажале задоволство од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека тој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *