• Sat. Nov 23rd, 2024

Спасовски: Контролата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници

Контролата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници и очекувањата се дека двата система ќе помогнат да се превенираат и значително да се намалат понудата, побарувачката и злоупотребата на огненото оружје, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Како резултат на посветеното работење на тимовите на МВР и на УНДП, денеска можеме да зборуваме за два информациски система, кои се пуштени во продукција, и етапно се спроведува процес на обука на работните места за полицискиот информациски систем и внесувањето на податоците во системот за регистрација на оружјето“, рече Спасовски.

Тој додаде дека со цел поефикасно користење на новите дигитални алатки, во рамките на проектот беше надградена техничката опрема во МВР. Притоа обезбедени се 127 компјутери, 68 печатачи, 60 скенери и 25 специјални печатачи за дозволи за оружје. Дополнително, над 350 полициски службеници минаа низ процес на обуки за користење на двата система.

„Постоењето брзи и структурирани информации за оружјето е од клучно значење. Активностите во рамките на проектот ги подобрија капацитетите и ефикасноста за борба против криминалот, што директно придонесува за зголемена безбедност на граѓаните. Во поширок контекст, особено се гордеам што преку оваа регионална и национална иницијатива ќе придонесеме за унапредување на владеењето на правото, почитување на човековите права и зголемено учество на земјите во развој во системите на глобалното владеење. Токму овие принципи се во суштината на целите за одржлив развој на Обединетите нации“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *