• Sat. Nov 23rd, 2024

Спасовски: Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век

Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век и неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството. Од тие причини, за успешно справување со овој феномен е неопходен сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот.

Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот Регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и изнаоѓање нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето воведно обраќање на првиот регионален состанок за градење стратегии за превенција и борба против организираниот криминал во земјите од Југоисточна Европа, што во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал во нашата земја, се одржува денеска во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *