• Fri. Nov 22nd, 2024

Шпанија ќе отплаќа хипотеки на околу еден милион домаќинства

Околу еден милион шпански домаќинства кои спаѓаат во ранливите категории ќе добијат помош од Владата за отпата на хипотеките. На овој начин државата ќе им помага на Шпанците да ја преживеат кризата и да не банкротираат.

Податоците говорат дека околу 3/4 од шпанските граѓани поседуваат недвижнини а за нивна отплата земаат хипотекрани кредити со променлива каматна стапка.

Според договорот постигнат во понеделникот, банките преку изменетиот кодекс на добри практики ќе им помагаат на загрозените семејства со приходи до 25.200 евра со отплата на хипотекарните кредити.

Ранливите домаќинства ќе можат да ги реструктуираат хипотекарните заеми со пониска каматна стапка за време на петгодишен грејс-период, според сегашниот доброволен код од 2012 година, кој станува задолжителен откако кредиторите ќе го прифатат.

Грејс-периодот им овозможува на домаќинствата да ги одложат плаќањата на главнината без да направат задоцнети такси за да им се овозможи да ги исполнат критериумите за регуларност и да го задржат кредитот.

Владата дополнително ќе примени нов кодекс на добри практики за семејствата од средната класа кои се соочуваат со статусот на ранливи домаќинства, со што плафонот за помош ќе биде 29.400 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *