• Mon. Nov 25th, 2024

Советот за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината

Со почетокот на учебната година фреквенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Во согласност со тоа се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.

Затоа, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината.

„Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата невидливи во сообраќајот. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните!“, порачуваат од Советот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *