Независниот советник во советот на општина Струмица Ѓорги Танушев е против изградба на двоспратен музеј на градскиот плоштад. Ова, како што објави Танушев е предлог за новиот детален урбанистички план за центарот на Струмица. Танушев и движењето „Стига е“ предупредуваат дека граѓаните мора да реагираат за предлозите коишто ќе го затворат и нагрдат плоштадот и просторот кад ешто сега има клупи.
„Изградба на музеј на два спрата на плоштадот во Струмица, пред гимназијата Јане Сандански, не е добро решение за просторот и планерот треба да го измени ова.Зелен појас над споменикот Гоце Делчев и отстранување на постоечката фонтана, како и изградба на нова фонтана подолу е добро решение. Има повеќе интересни промени и добро е да има што повеќе народ на јавната презентација во четврток“, вели Танушев.
На официјалната страница на „Стига е“ се вели дека во овој централен појас се предвидува и изградба на катна гаража.
„Од другите промени значајно е вцртувањето на катна гаража позади леблебиџиската улица, нова деловна зграда на празниот простор до зградата на централен регистар и други помали промени за кои дополнително ќе оформиме мислење“, велат од „Стига е“.