• Fri. Nov 22nd, 2024

Советникот Стојан Велков бара о.Босилово да донесе документ-одлука за рудникот кај Иловица

Општина Босилово да се изјасни со конечен документ-одлука за рудникот кај Иловица. Вакво барање ќе поднесе до советот на општината единствениот независен советник, Стојан Велков, кој го претставува движењето против рудници.

Во објава на фејсбук профилот, актерот и советник вели дека има неколку заложби кои во следниот период ќе ги доставува до советот а некои од нив се:

1. Го отворив прашањето за рудникот и неговата штетност и дека ќе имаме посебна точка на Дневен ред во која сите советници и градоначалникот, на некоја од следните седници ќе бидат детално информирани за штетните влијанија и последици од рудникот со отворен коп за бакар и злато „Иловица-Штука“. Истите материјали ќе бидат објавени јавно, за да можат и жителите да се запознаат со нив.

2. Донесување на документ-одлука по однос тоа прашање, со кој недвосмислено ќе биде искажано мислењето за рудникот на Советот на о. Босилово

3. Јасен негативен став во донесување одлуки кои се поврзани со т.н. донации и финансиски поддршки на културни, спортски и други настани на корпоративната маша „Еуромакс Рисорсис“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *