• Mon. Nov 25th, 2024

СОУ „Никола Карев“во декември заштедило дури 81% електрична енергија во споредба со декември 2021

Општина Струмица направи анализи за потрошувачката на електрична енергија на струмичките основни и средни училишта. Според податоците, училиштата ги намалиле давачките за струја до 80%.

Трите средни и десетте основни општински училишта во Струмица ги покажале првите позитивни резултати по склучените договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас, информираат од Општина Струмица. Договорите се склучени согласно одлуката на Владата за преземање мерки во услови на енергетска криза.

Првите анализи се направени за месец декември минатата година, а споредбата со истиот месец во 2021 година покажала дека скоро сите училишта платиле помалку за потрошена електрична енергија. Највисок процент на намалена давачка за потрошена електрична енергија има во средното општинско училиште „Никола Карев“ со 81 процент, па следуваат интернатот во средното училиште „Димитар Влахов“ со 78 проценти, основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица со 76, „Даме Груев“ од Куклиш со 74, „Никола Вапцаров“ со 66, „Сандо Масев“ со 59, „Гоце Делчев“ од Вељуса со 49. Во најголем дел од училиштата е регистрирана и значително намалена потрошувачка на електричната енергија во однос на истиот период од претходната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *