Средното техничко училиште Никола Карев ќе изработи околу 900 шкафчиња за основното училиште Никола Вапцаров. Средношколците од дрвопреработувачката струка веќе се зафатени со работа. Цртаат, кројат, кантираат и подоцна ќе ги склопат шкафчињата. Велат интресно е што знаа тдека нивната работа некому ќе користи.
Анте Василев е ученик во четврта година. Тој е подготвен да управува со машините и овој процес за него е интересен.
Изработката на шкафчињата е проект на општина Струмица. Дел од средствата ќе се искористат за материјалите, а еден дел ќе се вложат во набавка на нови машини. Директорот на училиштето, Зоран Петков, вели дека имаат намера да бидат многу поактивни и да работат на повеќе слични проекти.
Професорите кои предаваат стручни предмети велат дека внесувањето нови машини во практичната настава е многу важно за учениците. Професорот Никола Узунов раскажува дека до пред некоја година имале рачен алат, но сега имаат комплет машини за дрвопреработување и практичната настава лесно се изведува.
Пред да се премине кон изработка на мебелот тој мора да се проектира. И ова е дел од наставата на средношколците од дрвопреработувачката струка. Тие изучуваат како да направат точен, прецизен проект што може да се реализира. Јане Тенев, професор по стручни предмети вели дека проектот е основата од кој тргнува речиси секој проект, и учениците мора да го совладаат нивното изработување.
Техничкото училиште „Никола Карев“ вели дека овој пример ќе се применува и во другите струки. Ќе се обидат преку осовременување на машините и воопшто практичната настава да станат конкурентни во образованието но и да генерираат средства што ќе ја унапредуваат наставата.