• Fri. Nov 22nd, 2024

СОУ „Димитар Влахов“ ја почна постапката за изградба на нов ученички дом

Средното општинско училиште од денсска ја почнува постапката за избор на изведувач што ќе го гради новиот ученички дом. Денеска на страницата е-набавки е објавен огласот со кој ова училиште распишува тендер за избор на изведувач на граде7ните работи. Станува збор за нов објект што ќе се смести во дворот на ова училиште. Проектот уште лани во октомври го најави градоначалникот Костадин Костадинов кој рече дека потребите на Струмица се менуваат, и дека новите струки во ова училиште и во Никола Карев наметнуваат потреба од проширување на сместувачкиот капацитет на ученичкиот дом.

„Во ученичкиот дом е предвидено да бидат сместени 92 ученици, односно истиот се предвидува да поседува 92 легла, распоредени во 24 соби со по 4 ученици. Исто така планирани се и 2 соби за ученици со попречености. За овој број на ученици планирани се две соби за воспитувачи, две соби за изолација и една соба за медицинско лице. Покрај тоа, има предвидено и доволен број на простории за управата, односно административни простории. Во секоја соба има предвидена бања со целокупната потребна санитарија. На секој кат се предвидува и читална која учениците би ја користеле за завршување на секојдневните обврски поврзани со училишните задачи“, најави лани Костадинов.

За изградбата на новиот ученички дом се предвидени околу 27 милиони денари од училиштето, како и 8 милиони денари од буџетот на Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *