• Fri. Nov 22nd, 2024

Босилово и Про Кредит банка во заедничка акција за почиста животна средина.

ByВане Трајков

Oct 27, 2022

Како резултат на успешната соработка Про Кредит банка донираше 40 канти за собирање на пластичен отпад.

Кантите ќе бидат поделени пред јавни и деловни објекти во Босилово и на јавни места во Босилово, а пластиката ќе се подига секој втор Петок.

Сите граѓани од Босилово кои сакаат да се вклучат во акцијата и кои ќе селектираат пластика, може да се јават во комуналното претпријатие и ќе бидат вклучени во подигањето на отпадот. На почеток граѓаните отпадот ќе го селектираат во сопствени садови или врејќи, а во текот на наредната година ќе добијат посебни канти.

Поради ограничени ресурси, засега оваа акција ќе се реализира само во Босилово, а во иднина според можностите ќе ја прошируваме и во другите населени места.

Покрај тоа, денес за учениците од ООУ “Гоце Делчев” – Босилово беше организирано едукативно предавање. Децата ја поддржаа акцијата со тоа што депонираа пластичен отпад во училиштето, а за возврат добија скромни подароци.

Иако во тешки услови, со големи финансиски проблеми во комуналното претпријатие, се трудиме чекор по чекор да се движиме во вистинска насока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *