• Fri. Nov 22nd, 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Богородица, за влез во државата, има чекање околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *