Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 10.00 часот на локалниот пат за населеното место Добрашинци, струмичко се случила сообраќајна незгода во која А.К. (40) од село Дрвош управувајки моторно возило „ауди А4“ со струмички регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.