Вечерва со почеток во 21:00 часот во парк/Езерце ќе почне – Вечер на афоризми во рамки на СОФ 2022.
-На настанот ќе настапт со струмичките афористичари Ацо Георгиев и Ристо Филчевски. Гости на настанот афористичари – Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Р.Србија, информираат од СОФ.
За афоризмот:
Најкратката литературна форма – афоризмот е забавна игра на зборови која секогаш го привлекува вниманието на струмичани.
Афоризмот како книжевен вид сурово ја отсликува реалноста на сегашното време користи народни поговорки и филозофски мисли и од нив прави стихови исполнети со сатира и смеа.